Merve Özlem Çakır
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АНКАРА
Денеска е потпишан Договорот за слободна трговија помеѓу Република Турција и Велика Британија, а министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан истакна дека овој договор во иднина ќе биде најголемата гаранција за развој на трговијата меѓу Турција и Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес, се соочуваме со историски и важен ден во однос на односите Турција-Обединетото Кралство“, рече министерката Пекџан.
Таа истакна дека со Договорот за слободна трговија нема да има неизвесности во врска со трговијата меѓу Турција и Велика Британија.
„Да не се потпишеше договорот, околу 75% од нашиот извоз во Велика Британија би се соочил со даночно оптоварување, би имале загуба од околу 2,4 милијарди долари. Овој ризик сега е отстранет“, потенцираше Пекџан.
„Нашите бизнисмени можат слободно да ја продолжат својата трговија со Велика Британија, која е значаен пазар за нас од секој поглед. Денес сме задоволни затоа што ги исполниме очекувањата и ветувањата кон нашите бизнисмени“, додаде таа.
Министерката Пекџан информираше дека Договор за слободна трговија со Велика Британија ќе стапи на сила на 1 јануари 2021 година.