Qais Omar Darwesh Omar,Çağrı Koşak
17 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
НАБЛУС
Почина палестинското момче кое вчера беше рането со огнено оружје од страна на израелските војници во градот Наблус кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од болницата „Рафидије“ во Наблус, почина 16-годишното палестинско момче кое вчера било рането од страна на израелските војници во местото Бејта во Наблус, а потоа било пренесено во болница за лекување.
Палестинското момче Ахмед Бени Шемсе било рането во главата од израелските војници.
Инаку, еврејските доселеници со бараки изградиле илегална еврејска единица на ридот Субејх во близина на Бејта.
Палестинците одвреме-навреме одржуваат протести во знак на реакција против тоа, додека израелската војска со вистински куршуми интервенира врз Палестинците.