Hasan Esen
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ЛОНДОН
Британскиот полицаец беше застрелан од 23-годишник, кој е приведен во една станица во Лондон, известува Агенција Анадолија (АА).
Полицаецот е убиен во раните утрински часови во полициска станица во Лондон.
Од лондонската полиција наведуваат дека настанот е забележан околу 2 часот по полноќ. Хоспитализирано е и 23-годишното момче поради ранување. Лицето се наоѓа во тешка состојба.
Од полицијата наведуваат дека полицајците во текот на инцидентот не користеле оружје.
„Сѐ уште сме на почетокот од истрагата и настојуваме да утврдиме како дошло до овој настан“, изјави шефицата на лондонската полиција, Кресида Дик.