Ekip
26 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Стефан де Мистура, пратеникот на ОН за Сирија, вели дека неговата цел е да повика во Женева нова рунда на преговори на претставниците на власта и опозицијата „кон крајот на август ”, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Мистура додаде дека сака да види каков ќе биде резултатот од чекорите кои минатата недела во Москва се договорија да ги преземат Русија и САД со цел разговорите да бидат посебно плодни и полни со надеж, пред да се одреди прецизен датум.
Пратеникот на ОН се обрати на јавноста по состанокот зад затворени врати во Женева на високите дипломати на САД и Русија.
Де Мистура истакна дека се разговарало за иницијативите за „итна потреба” за напредок на прашањата како што се масовно кршење на примирјето, хуманитарниот пристап на загрозените подрачја, борбата против тероризмот и политичката транзиција во Сирија.