Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ОСЛО (АА) - Според првичните резултати, владејачките конзервативци се победници на парламентарните избори што се одржаа во Норвешка во текот на изминатите два дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборната комисија на Норвешка ги објави првичните резултати врз основа на 95 отсто пребројани гласачки ливчиња.
Коалиционите партнери, Конзервативната партија, Партијата за напредок, Демократско-христијанската партија и Либералната партија, освоија 89 од вкупно 169 места во норвешкиот Парламент, Стортинг.
Актуелната премиерка Ерна Солберг им се обрати на приврзаниците во Осло и изјави дека владејачката опција оствари голема изборна победа.
Солберг ќе биде првиот претседател од Конзервативната партија што ја водел норвешката Влада во два последователни мандата во текот на поледните три децении.
Опозициската Лабуристичка партија освои 49 пратенички места и ќе остане најголема независна политичка опција во највисоката законодавна институција во Норвешка.