Ömer Faruk Yıldız
04 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Премиерот на Малезија, Махатир Мохамед, на прославата по повод Денот на независноста на Малезија, на Градскиот плоштад во провинцијата Мелака, се обрати пред универзитетските студенти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Махатир, истакнувајќи дека новиот стил на живот и вредностите што ги донесе Западот сѐ повеќе и повеќе ги расипуваат општествата, додаде: „Меѓу нас има луѓе кои го следат овој живот. Ако ги имитираме вредностите на Западот, повторно ќе бидеме колонизација. Бидете горди на вредностите на Истокот.“
- „Развојот на Турција е подобар од развојот на Малезија“ -
Махатир нагласи дека за време на посетата на Турција минатиот месец ја забележал трудољубивоста на Турците: „Развојот на Турција е подобар од развојот на Малезија. Тоа го обезбеди турскиот народ.“
Малезискиот премиер потенцираше дека напредокот на Турција може да биде добар пример за Малезија.
„Помладата генерација треба да оди во Турција, да го научи јазикот, да работи таму 10 години и повторно да се врати назад. Мислам дека на овој начин ќе се обезбедат промени во Малезија.“
- „Духот на патриотизам и припадност треба да се врежи во младата генерација“ -
Махатир, посакувајќи младите секој проблем на земјата да го гледаат како да е нивен, рече: „Духот на патриотизам и припадност треба да се врежи во младата генерација. Бидејќи нивниот карактер во иднина ќе го одразува карактерот на нацијата.“