İlayda Çakırtekin
21 Ноември 2025•Ажурирај: 25 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон денес предупреди дека земјата може да се соочи со „сериозна безбедносна ситуација“ во пресрет на изборите закажани во 2026 година, известува Анадолу.
„Шведската демократија е фундаментално добро подготвена пред општите избори во 2026 година. Но, кога Шведска ќе оди на избори, ќе го сториме тоа во сериозна безбедносна ситуација којашто мора да ја земеме предвид“, напиша Кристерсон на американската платформа за социјални медиуми X.
Тој додаде дека следната година ќе ги повика сите 8 партиски лидери на дискусии за тековните напори за справување со „заканите од странско мешање“.
Шведска закажа општи избори на 13 септември 2026 година, а кибернападите се во пораст, објави шведското Министерство за одбрана. Од тие причини, Владата ѝ наложи на агенцијата за кибербезбедност да ги процени заканите и да предложи одбранбени мерки.