Amir Latif Arain
21 Ноември 2025•Ажурирај: 22 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ / КАРАЧИ (АА) - Најмалку 20 лица загинаа денес од голема експлозија проади протекување на гас во фабрика во Фајсалабад, индустрискиот центар на Пакистан, известува Анадолу.
Заменик-комесарот на Фајсалабад, Надим Насир, за новинарите изјави дека во експлозијата загинале 20 лица, а други 20 се повредени, меѓу кои има и лица во критична состојба. Тој додаде дека спасувачката акција сè уште е во тек.
Полицијата соопшти дека од урнатините се извлечени 17 тела, а три лица им подлегнале на повредите во болница.
Властите стравуваат од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Меѓу загинатите и повредените има деца и жени, бидејќи силната експлозија предизвикала уривање на фабричката зграда и неколку куќи што се наоѓале во близина.
Насир информираше дека најмалку четири лица, вклучувајќи го и менаџерот на фабриката, се приведени во рамките на истрагата.
Тој додаде дека според првичната истрага, експлозијата била предизвикана од истекување на гас.
Пакистан има долга историја на индустриски несреќи, главно поради лошите безбедносни стандарди.