Said İbicioğlu
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
БЕЈРУТ (АА) - Премиерот на Либан во оставка, Саад Харири, преку отворено писмо побара помош од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерите на уште неколку држави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Либанската новинска агенција (NNA) јавува дека Харири побарал помош за Либан преку писмото што му го испратил на турскиот претседател Ердоган, саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кинескиот премиер Кекианг, италијанскиот премиер Џузепе Конте и американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Харири од овие земји побарал да одобрат увоз на прехрамбени производи и суровини во Либан.
Либан е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која е најтешката криза од 1990 година, кога заврши граѓанската војна во земјата.
Кризата во Либан ескалираше во средината на октомври кога започнаа масовни антивладини протести поради најавеното воведување данок за комуникациските канали на социјалните мрежи, вклучувајќи ја и апликацијата ВатсАп (WhatsApp).
Премиерот Харири кон крајот на октомври поднесе оставка на функцијата премиер, но и понатаму е вршител на функцијата до формирањето на новата Влада.