Yusuf Hatip
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Индиските војници отвориле оган на границата со Кaшмир, област што се наоѓа на границата помеѓу Индија и Пакистан, при што загинаа двајца Пакистанци, додека седуммина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на пакистанската армија се вели дека во подрачјето на Сиалкот, кое се наоѓа на контролната линија Кашмир, којашто ја претставува фактичката граница меѓу двете држави, како што се вели, од неоправдани причини индиската страна отворила оган кон Пакистан, при што загинале двајца, а биле ранети седум лица.
Во изјавата се вели дека меѓу загинатите е и едно 1,5-годишно бебе. Пакистанските сили возвратиле на огнот што го започнале индиските војници.
Раководството на Њу Делхи сѐ уште нема дадено никаква изјава во врска со овој настан.