Ömer Faruk Yıldız
20 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, пристигна во официјална посета на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Чинпинг изутрина пристигна во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг.
Тој ќе престојува во дводневна посета, во чии рамки ќе се состане со севернокорејскиот лидер и со други високи претставници на земјата, со цел подобрување на односите меѓу Кина и Северна Кореја кои во последните години покажаа тренд на нарушување.
Според вестите на кинеските медиуми, Чинпинг е придружуван од страна на министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, претседателот на Комитетот за развој и реформи, Хе Лифинг и други високи дипломати.
Си оваа посета ја реализира со покана на севернокорејскиот лидер Ким, и претставува прва посета на оваа земја од претседател на Кина од 2005 година.
Последен пат Си, како потпретседател на државата, оствари посета на Северна Кореја во 2008 година.