Şerife Çetin
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
БРИСЕЛ
Претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел, имаше телефонски разговор со иранскиот претседател, Хасан Рохани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение од Советот на ЕУ, Мишел во телефонскиот разговор упатил сочувство за падот на украинскиот авион во иранскиот главен град, Техеран.
Мишел рекол дека ЕУ е подготвена да контактира со сите страни за да ја намали тензијата во регионот.
За да избегнат обидите за зголемување на тензиите во регионот, Мишел рекол дека иранскиот нуклеарен договор е голема придобивка по долгогодишните преговори и дека администрацијата на Техеран треба да ги избегне чекорите од кои после ќе нема враќање назад.
Мишел, исто така, истакнал рече дека ЕУ има своја визија и интереси и дека во соработка со земјите членки ќе продолжи да игра меѓународна улога.
Иранскиот претседател Рохани рекол дека ЕУ игра одговорна и стабилизирачка улога во регионот.