Zafer Fatih Beyaz
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
МАДРИД (АА) – Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, се состана со претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Средбата во Конгресниот центар на ИФЕМА, каде што се одржува Самитот на НАТО, беше затворен за медиумите.
На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, шефот на Дирекцијата за комуникации, Фахретин Алтун, шефот на МИТ, Хакан Фидан и пратеникот на АК Партијата од Ризе и претседател на турската група на Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.