Zafer Fatih Beyaz
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган ги продолжува билатералните контакти во Мадрид, каде што е дојден да присуствува на Самитот на НАТО.
Состанокот на Ердоган и Џонсон во Конгресниот центар на ИФЕМА, каде што се одржува Самитот на НАТО, беше затворен за медиумите.
