Burak Bir
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид, известува Агенција Анадолија (АА).
Средбата зад затворени врати е шести билатерален контакт на турскиот лидер на Самитот на високо ниво во шпанската престолнина.
Претходно денеска, Ердоган се состана со шпанскиот премиер Педро Санчез.
Турскиот претседател во средата имаше одвоени состаноци со неговиот француски колега Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден.