Selen Valente Rasquinho
17 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
БРИСЕЛ (АА) - Осомничениот за вооружениот напад во Брисел, главниот град на Белгија, ранет е при приведувањето од страна на полицијата, пренесува Анадолу.
Министерката за внатрешни работи, Анелис Верлинден, за Радио 1, една од националните радиостаници, изјави дека осомниченото лице е рането при приведувањето ова утро и дека лицето се наоѓа во болница со тешки повреди.
Осомниченото лице е забележано во кафуле во близина на плоштадот Вербоеховен. При приведувањето кај него е пронајден револверот што е употребен во нападот.
Сите безбедносни сили остануваат во готовност, а засилен е и надзорот на потенцијално загрозените лица, особено шведските дипломати.
Синоќа едно лице по слободен избор пукало кон луѓето, усмртувајќи двајца Швеѓани во центарот на Брисел, пет километри од стадионот на кој се играл натпреварот меѓу фудбалерите на Белгија и Шведска во рамките на квалификациите за учество на Европското првенство 2024.