Oktaj Omeragikj
24 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) - Поглед од воздух ги прикажува шаторите поставени во пристаништето Караре помеѓу Деир ал-Балах и Хан Јунис во јужна Газа, известува Анадолу.
Пристаништето, во голема мера уништено за време на двегодишните напади на Израел врз Газа, стана привремено засолниште за раселените Палестинци чии домови се срушени.
И покрај честите истрели од израелските воени бродови, голем број семејства продолжуваат да живеат во импровизираните шатори покрај брегот.