Rahmi Gündüz
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Париз, синоќа се оддржаа нови протести поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, а причина за протестот беше неодамнешното убиство на имигрант од Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку стотици демонстранти, главно мигранти од Азија, синоќа околу полноќ се собраа пред полициската станица во североисточниот дел на Париз со цел втора вечер по ред да протестираат поради завчерашното убиство на 56-годишниот Шао Ли, кој беше убиен во полициска акција.
Полицијата соопшти дека Ли е убиен по обидот за напад на полицијата, додека неговото семејство тврди дека немало никаква закана.
"Полициски убијци" и "Ја сакаме вистината" се слоганите кои доцна синоќа ги извикуваа демонстрантите.
Полицијата интервенираше со солзавец за да ги растера насобраните демонстранти.
И претходната вечер во Париз беа одржани протести во кои демонстрантите ја окупираа полициската станица и запалија едно полициско возило. За време на полициската интервенција повредени се повеќе лица.
Кинеското Министерство за надворешни работи од француските институции побара да се спроведе истрага и да се открие вистината за тој случај.