Mohammed Abudoun
24 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
ГАЗА (АА) - Голем број Палестинци излегоа вчера на протести во Газа барајќи од Израел да ја прекине повеќегодишната блокада, пренесува Анадолу.
Демонстрантите носеа транспаренти повикувајќи на повторно отворање на пристаништето во Газа.
„Пристаништата во сите земји претставуваат слобода и пристап кон надворешниот свет, меѓутоа, на Палестинците во Газа им се ускратени овие права“, рече Саламех Маруф, шеф на владината канцеларија за медиуми во Газа.
Маруф ја повика меѓународната заедница „да работи на ставање крај на блокадата на Газа“.
„Израелската опсада на Газа ја уништи егзистенцијата во појасот и го зеде својот данок во здравствениот, економскиот, индустрискиот и рибарскиот сектор“, додаде тој.
Од 2007 година Појасот Газа е под силна израелска блокада со која околу 2,3 милиони жители на ова подрачје се лишени од голем број витални производи, вклучувајќи и храна, гориво и лекови.