Ekip
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку еден Палестинец им подлегна на повредите здобиени во огнот на израелските сили, за време на вчерашните мирни демонстрации организирани на границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од палестинското Министерство за здравство соопштија дека 20-годишниот Палестинец Насер Шараб, кој беше ранет вчера, утринава ја загубил битката за живот.
Со денешниот згаснат живот на Палестинецот, бројката на загинати Палестинци, за време на протестите се зголеми на 139, а илјадници се повредени.
Појасот Газа се наоѓа под блокада на Израел од 2007 година, што доведе до опаѓање на економијата во крајбрежната енклава и лиши 2 милиона жители од многу основни продукти.
Илјадници Палестинци, од крајот на март, протестираат на границата на Газа поради израелската окупација и бараат право на враќање на својата земја.