Ekip
04 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
РИМ (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска престојува во официјална посета на Италија, во чии рамки во Ватикан ќе се состане и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто што претходно го даде за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ (Corriere della Sera), Путин ги нагласи историските, многу силни односи меѓу Русија и Италија.
„Имаме посебен однос со Италија кој со текот на времето е тестиран“, рече Путин пред првата посета на Италија по четири години.
Тој додаде дека економските односи со Италија, која е петти најважен надворешнотрговски партнер на Русија, растат, и покрај санкциите кои ЕУ ѝ ги наметна на Москва.
Надворешнотрговската размена меѓу двете земји во 2018 година порасна за 12,7 отсто, и изнесуваше 26,9 милијарди евра.