Zehra Ulucak
04 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин го покани лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, на глобалниот форум што ќе се одржи во септември во рускиот град Владивосток, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости, јави дека повикот на Путин до Ким е испратен преку рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој минатата седмица престојуваше во посета на Северна Кореја.
Во писмото се наведува дека рускиот претседател му посакал успех во дипломатијата при решавањето на прашањата поврзани со Корејскиот Полуостров.
Руската новинска агенција ТАСС претходно јави дека Лавров за време на неговата посета на севернокорејскиот лидер го поканил да ја посети Русија.
Сè уште не е познато дали Ким ја прифатил поканата на Путин.
Лавров на 31 мај се состана со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого разговараше за билатералните односи и последните случувања околу Корејскиот Полуостров.