Ceyhun Alizade
02 Октомври 2022•Ажурирај: 03 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес поднесе нацрт-закон за прием на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Руската Федерација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руските државни медиуми јавија дека парламентарните избори во четирите анектирани подрачја ќе бидат одржани во септември 2023 и дека ќе се гласа во еден ден.
Во регионите за монетарна единица е прогласена рубљата, но украинската гривна ќе остане во употреба до 31 декември, известија месиумите.
Рускиот уставен суд одобри пакет документи за прием на самопрогласените Народна Република Доњецк (НРД) и Народна Република Луганск (НРЛ), како и делови од регионите Херсон и Запорожје.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот прогласи анексија на четирите украински региони.
Од 23 до 27 септември во украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск, и во делови од Запорожје и Херсон под контрола на руските сили, се одржаа референдуми за припојување кон Русија.
Референдумите беа осудени од страна на меѓународната заедница, а европските земји и САД референдумите ги нарекоа лажни и порачаа дека нема да бидат признаени.