Selman Aksünger
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
АМСТЕРДАМ (АА) - Во последниот извештај на холандската разузнавачка агенција се предупредува на зголемените внатрешни и надворешни закани против владеењето на правото, јавува Анадолу.
Во извештајот „АИВД 2022“ се вели дека заканите за земјата се зголемени поради војната во Украина, шпионската активност и кибернападите.
Говорејќи на прес-конференција за извештајот, Ерик Акербум, генерален директор на Генералната служба за разузнавање и безбедност (АИВД), рече дека Кина е „најголема економска закана“ за Холандија.
Кина е насочена кон новите технологии во Холандија и постојано се обидува да ги украде овие технологии, рече тој.
Минатиот месец холандската Влада соопшти дека го ограничила извозот на опрема за производство на чипови и суровини што се користат за производство на чипови во Кина.
Во извештајот се наведува и дека радикалните идеологии, терористичките закани, кибернападите, саботажите и организираниот криминал го поткопуваат владеењето на правото во земјата.
Споменувајќи дека Русија се обидела да добие информации од земјите членки на НАТО, вклучително и Холандија, во извештајот се потсетува дека Холандија протерала 17 руски дипломати поради шпионажа.
Говорот на омраза против различните вери и религиозни групи во земјата е зголемен, додека заканите од екстремно десничарските и радикалните групи се спречени од страна на АИВД, се додава во извештајот.