Ekipa
18 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
ЏЕНОВА (AA) - Маж на возраст од 30 години е 42. жртва, по рушењето на мостот „Моранди“ на автопатот „A10“ во Џенова, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките екипи под урнатините денес извлекоа тела на четири лица. Локалните медиуми наведуваат дека се верува оти машкото лице е последната жртва извлечена под урнатините во Џенова.
Само неколку часа претходно се извлечени тела на три лица. Станува збор за италијанско семејство - родители и деветгодишна ќерка. Извлечени се од автомобилот врз кој се наоѓал голем бетон. Роднините изјавија дека патувале од северна Италија на одмор на островот Елба.
Мостот „Моранди“ се урна во вторникот, со десетици возила кои во тој момент се наоѓале на него. Падна од висина од околу 50 метри. Повредени се 16 лица. Се претпоставува дека причината за рушењето е силниот ветер.
Станува збор за вијадукт кој е познат под името Мост „Моранди“, изграден во 1960 година. Италијанските медиуми пишуваат дека причината за рушењето е слабата конструкција.
Вијадуктот е обновен во 2016 година и поминува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железницата Џенова - Милано и над реката Полчевера.