Adem Şalvarcıoğlu
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во акциите спроведени во пресрет на одржувањето на Азиските игри, кои започнаа денес во Индонезија, убиени се 77 сомнителни лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Amnesty International“ наведува дека лицата се убиени во рамките на безбедносните акции кои се спроведуваат од јануари оваа година, а со цел воспоставување безбедност за учесниците на Азиските игри.
Организацијата ги осуди убиствата на овие лица, наведувајќи дека не ја поддржува политиката „прво убиј, а потоа истражувај“.
За време на двонеделнто одржување на Азиските игри, низ земјата се ангажирани 100.000 полицајци.
Началникот на полицијата, Тито Карнавиан, претходно изјави дека се убиени 21 лице. Убиени се, како што рече, главно во судири со полицијата и поради тоа што се сомничат дека се припадници на терористичка организација.
Тито потврди и дека се затворени 221 лице.
Во нападите извршени во средината на мај, во Сурабаја и Сидоарјо загинаа 27 лица, а 42 се ранети.