Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
31 Декември 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2022
ИДЛИБ (АА)
МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ / АХМЕТ КАРААХМЕТ
Според извештајот на Координацијата за дејствување во Сирија, вкупно 210 цивили ги загубиле животите за една година во нападите извршени од режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Русија и Иран, со кои го прекршија примирјето во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Халај, директорот на Координацијата за дејствување во Сирија, во изјавата за АА рече дека режимот на Асад, терористичките групи поддржани од Иран и Русија прекршиле 6.198 примирја во Идлиб во последната година и нападнале цивилни населби.
„Од 210 цивили кои ги загубија животите во нападите извршени од режимските сили и Русија за една година, 75 се деца, 34 се жени, а 16 се работници на хуманитарна помош“, нагласи Халај.
Истакнувајќи дека силите на режимот на Асад го нападнале и Центарот за цивилна одбрана и различни здравствени центри, Халај рече дека 19 згради на институции се надвор од употреба поради овие напади.
Мухамед Халај истакна дека режимот на Асад и неговите поддржувачи извршиле 5.879 напади со оружје земја-земја, 291 напад од руски воени авиони и 28 напади со беспилотни летала.
Според него, најмалку 62.000 цивили биле принудени да мигрираат поради овие напади.
- Ситуацијата во Идлиб
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за формирање четири деескалациски зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).
Но режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили што избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година меѓу Русија и Турција.
На 5 март во Москва Турција и Русија договорија ново примирје во деескалациската зона на Идлиб. Иако режимските сили повремено го кршат примирјето, тоа во голема мерка се одржува.
Во нападите на Русија и силите на режимот во деескалациската зона во Идлиб, во периодот 2017 - 2020 година раселени се околу 2 милиони цивили кон местата во близина на границата со Турција.