Fatjon Prronı
24 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Асадовиот режим, поддржуван од Хезболах, иранските сили и Русија од воздух и море, продолжуваат со нападите врз Бајирбуџак регионот, во близина на турската граница, населен со Туркмени (Сиријци со турско потекло), јавува Anadolu Agency (AA).
Интензивирањето на нападите во последниот период покажуваат дека Русија сака да му даде поголема моќ на претседателот Башар ал-Асад пред да седне на преговарачката маса со опозиционите сили, во согласност со заклучоците од разговорите во Виена, минатата недела.
Русија, го напаѓа и Бајирбуџак регионот од 30-ти септември кога ја започна својата воена „контратерористичка“ кампања во Сирија.
Русија, позната по „координирањето“ на борбите во регионот помеѓу режимските сили и туркменските единици, се меша во ситуацијата преку напаѓање на Туркменската планина со проектили од воените бродови во Медитеранот.
Силите на режимот, поддржани со руските воздушни напади, изведуваат копнена операција во регионот.
Нападите започнаа во населеното место Гимам, во последните пет дена, руските авиони интензивно ги бомбардираат регионите Аџису, Филинлик и Црвената Планина (Кизилдаг) во Бајирбуџак.
Хезболах и иранските сили, кои активно се борат во регионот веќе две години, ја помогнаа операцијата.
Според локални извори, населените места Гимам, Хил 45, Зувејк и Аџису како и Кизилдаг паднале под контрола на Асадовите режимски сили.
Претседателот на туркменскиот парламент во Сирија, Абдурахман Мустафа, рече дека зад интензивираните напади на Русија во регионот на Туркменската планина лежат различни мотиви.
Тој рече дека за кратко време Русија сака да му даде воена супериорност на Асадовиот режим за да седне на преговачката маса колку што може помоќен.
Во случај асадовите сили да преземат контрола врз Турккменската планина, тоа би претставувало закана за Турција. Тој додаде дека доколку Туркменската планина „падне“, тоа ќе преставува голема можност за Курдите да стигнат до Медитеранскиот брег. Со заштита на туркменското присуство во тој регион ќе се направи пречка за формирање курдска зона.
- Стратешкото значење на Бајирбуџак
Кизилдаг (Црвена планина), кој се наоѓа на само пет километри од турската граница, има стратегиско значење бидејќи е највисокиот врв во регионот.
Доколку режимските сили добијат целосна контрола врз Кизилдаг, тогаш ќе може да напаѓаат десет населени места со артилерија.
Регионот Аџису е уште една многу важна цел на режимските сили.
На јужнта линија, по населеното место Гимам, Асадовиот режим гопрезеде под своја контрола Зувејк.
Со напредување кон регионот Бурџу'л Касаб, режимот сака да ја раскине врската на Туркменската планина и Џебел Екрад и да ја заземе Туркменската Планина.