Aysu Biçer
05 Јули 2024•Ажурирај: 07 Јули 2024
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Риши Сунак ја објави својата намера да поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по значителниот изборен пораз, јавува Анадолу.
Сепак, Сунак ќе остане на својата функција сѐ додека не биде назначен негов наследник.
Во обраќањето до нацијата тој го изрази своето жалење и го призна јасниот повик на гласачите за промени.
„Наскоро ќе се видам со Неговото височество кралот за да ја понудам мојата оставка како премиер на земјата. Би сакал да кажам прво и основно, дека ми е жал“, рече Сунак.
„Дадов сѐ од себе на оваа работа, но вие испративте јасен сигнал дека Владата на Обединетото Кралство мора да се смени, а вашето е единственото мислење што е важно. Го слушнав вашиот гнев, вашето разочарување. И јас ја преземам одговорноста за оваа загуба.“
Во својот говор, Сунак го пофали Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија, кој треба да стане нов премиер.
„Тој беше мој политички противник, но Кир Стармер сега ќе стане наш премиер. Во оваа работа, неговите успеси ќе бидат и наши успеси, и му посакувам добро нему и на неговото семејство. Без оглед на нашите несогласувања во оваа кампања, тој е пристоен, општествено одговорен човек кој го почитувам“, истакна Сунак.
„Тој и неговото семејство го заслужуваат најдоброто од нашето разбирање додека ја прават огромната транзиција кон нивниот нов живот зад оваа врата.“
Лабуристичката партија победи на парламентарните избори освојувајќи ги потребните 326 места за мнозинство во Долниот дом.
Партијата досега освои 412 места во Долниот дом од 650 места, а конзервативците 121.
Пребројувањето на гласовите сè уште трае.