Ali Cura
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
МОСКВА (АА) - Американскиот државјанин Пол Велан осуден е на 16 години затвор во Русија за шпионажа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Москва донесе пресуда за обвинението против Велан. Судот го прифати обвинението за шпионажа и го осуди Велан на затворска казна од 16 години.
Олга Карлова, адвокатката на Велан, најави дека ќе поднесат жалба против тоа решение.
Обвинителството побара затворска казна за Велан од 18 години.
Џон Саливан, американскиот амбасадор во Русија, истакна дека е длабоко разочаран од одлуката на Судот.
Американскиот државјанин Велан беше приведен од руската Федерална служба за безбедност (FSB) во Москва во декември 2018 година под обвинение за шпионажа.