Burak Bir
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Продолжувајќи со воено распоредување во северна Сирија, Русија распореди свои сили во уште три области во тоа подрачје, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Околу 20 руски припадници на воената полиција беа распоредени во градот Амуде, кој е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК“, изјави извор кој зборуваше под услов за анонимност.
Во близина на турската граница, Амуде е дел од регионот каде што турските и руските воени сили извршија заедничка патрола по привременото запирање на турската антитерористичка операција „Извор на мирот“ во тој регион.
Русија и силите на режимот на Башар ал Асад, исто така, се сместија во подрачејто на Силос во селото Ајн Иса, југоисточно од Ајн ал Араб (Кобани).
Додека Соединетите Американски Држави (САД) го префрлаат своето воено присуство од северниот дел на Сирија во источниот дел на земјата кој е богат со нафта, Русија направи распоредување во три бази во Сарин, Ајн Иса и Мунбич.
Претходно, Русија распореди сили и кај браната „Тишрин“ и го зајакна своето присуство на аеродромот „Камишли“.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.
Анкара сака терористите на ПКК/ЈПГ да се повлечат од регионот за да може да се создаде безбедносна зона и да се отвори патот за безбедно враќање на околу два милиони бегалци.
Според двата одделни договори склучени со Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, Турција привремено ја прекина операцијата со цел да им даде време на терористите на ЈПГ/ПКК сами да се повлечат од планираната безбедносна зона во Сирија.
Но, терористите не се повлекоа од некои области и продолжуваат со напади врз војници и цивили.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.