Ali Cura
23 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
МОСКВА (АА) - Најмалку еден руски војник загинал, а 27 членови на посадата се водат за исчезнати, откако изминатата недела бродот на руската црноморска флота „Москва“ се запали по експлозија на муниција, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека бродот претрпел сериозни оштетувања по пожарот што избувна на 13 април, а ден подоцна потонал.
Украинските власти соопштија дена на 13 април со ракета „Нептун“ го погодиле рускиот крстосувач „Москва“ во Црното Море, по што на бродот избувнал пожар. Во соопштението беше наведено дека се претпоставува дена на бродот имало околу 510 лица.
Украинските медиуми објавија дека крстосувачот „Москва“, што ги нападна украинските војници на Змискиот Остров во првите денови од руско-украинската војна, ги спречил украинските бродови да го напуштат брегот во текот на нелегалната анексија на Крим во 2014 година.
Крстосувачот „Москва“, еден од најголемите бродови на руската морнарица со наведувачки ракети, за првпат заплови во 1979 година, а обновен е 2020 година.
Познат е и како брод опремен со 16 противбродски проектили со домет од 700 километри, како и противвоздушни ракети од системот С-300.
„Москва“ во 2015 година водеше постојани оперативни единици на руската морнарица на Медитеранот и служеше за заштита на руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија.