Ayşe Hümeyra Atılgan
10 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
МОСКВА (AA) - Москва во вторник на Вашингтон му ги претстави новите предлози за запирање на граѓанската војна во Сирија, соопшти министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за листот "Московски Комсомолетс" рече дека планот е "конкретен и едноставен" и изрази надеж дека на Вашинтон нема да му треба многу време за да го разгледа.
Иако Лавров не откри детали, новиот предлог на Русија наводно не го вклучува заминувањето од власт на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Минатата недела ОН ги суспендираше мировните преговори насочени кон запирање на петгодишната граѓанска војна во Сирија, после што Русија и режимот на Асад ги интензивираа војните удари на Алепо.
Сојузниците на сирискиот претседател, генерално Русија и Иран, повикуваа Асад да биде дел од транзицискиот процес за што се противи меѓународната коалиција предводена од САД.