Ali Cura
16 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Во регионот Томск во Русија од радар исчезна авион од типот АN-28 со 17 патници и членови на посадата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според руските новински агенции, патничкиот авион од типот AN-28, кој летал од градот Кедровиј за Томск, упати повик за помош на подрачјето на Бакчарскиј и исчезна од радарот.
Констатирано е дека во авионот, кој припаѓа на приватна авиокомпанија, имало 17 луѓе. Тимовите за потрага и спасување се испратени на теренот.