Yusuf Özcan
25 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Пет години по одземањето, Парламентарното собрание на Советот на Европа ѝ го врати правото на глас на Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Стразбур е одржана летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која 118 делегати изгласаа да се укинат санкциите за Русија. Против таа одлука беа 62 делегати, а десетмина беа воздржани.
Парламентарното собрание на Советот на Европа во 2014 година ѝ го одзеде гласот на Русија поради илегалната анексија на украинскиот полуостров Крим.
Како одговор на тоа, Русија две години подоцна донесе одлука за престанок на плаќањето на 33 милиони евра во касата на Советот на Европа.