Dmitri Chirciu
26 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
МОСКВА
Руското Министерство за надворешни работи објави дека дипломат кој работи во бугарската амбасада во Москва е прогласен за „непожелна личност“, известува Агенција Анадолија (АА).
Руското министерство даде писмено соопштение во кое потсети дека Бугарија минатиот месец прогласи руски дипломат за непожелна личност.
Во соопштението во кое се наведува дека амбасадорот на Бугарија во Москва Атанас Кристин бил повикан во Министерството, се вели „На амбасадорот му е дадена порака во која се вели дека вработен во бугарската амбасада во Москва е прогласен за персона нон грата.“
Во соопштението се вели дека станува збор за чекор преземен како одговор на одлуката на бугарската страна донесена „без причина“.
На 28 април, главниот јавен обвинител на Бугарија Иван Гешев објави дека четири одделни експлозии во различни складишта на воена муниција во земјата во последните 10 години биле организирани од офицери на руското воено разузнавање (ГРУ).
Бугарското Министерство за надворешни работи на 29 април објави дека дипломат на должност во руската амбасада во Софија е прогласен за „непожелна личност“.