Burç Eruygur
13 Март 2024•Ажурирај: 14 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека руската рафинерија за нафта во регионот Рјазан била погодена во напад со дрон, еден ден откако Москва рече дека во напади со украински дронови погодени се слични објекти во регионите Орел и Нижни Новгород, пренесува Анадолу.
„Рафинеријата за нафта Рјазан беше нападната од беспилотно летало. Од нападот предизвикан е пожар. Според прелиминарните информации, има жртви“, рече гувернерот на Рјазан, Павел Малков, на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина извршила напади во текот на ноќта и во текот на утрово со вкупно 58 дронови.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 58 беспилотни летала над териториите на Белгород (11 беспилотни летала), Бријанск (8 беспилотни летала), Воронеж (29), Курск (8), Ленинград (1), Рјазан (1)“, се додава во соопштението.
Украинските власти сѐ уште не ги коментираа наводите.
Вчера, локалните руски власти соопштија дека два од нивните капацитети за гориво во регионите Орел и Нижни Новгород биле погодени во големи украински воздушни напади во кои исто така биле гаѓани и други региони, вклучително и главниот град Москва.