Emre Gürkan Abay
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
МОСКВА (AA) - Руската Федерација ги осуди сите еднострани санкции кои не се во согласност со одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), соопштено е денеска од Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Разочарани сме со одлуката на САД за повторно воведување санкции кон Иран“, наведено е во соопштението.
- Обвиненија од Иран -
Претставникот на Иран во Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК), Хусеин Каземпур Ардабил, претходно денеска ја обвини Русија дека ги поддржува санкциите кои САД ги воведоа на официјален Техеран.
„Русија и Саудиска Арабија, со повлекувањето на дневното производство на нафта, го поддржуваат ембаргото од САД кон Иран“, рече Ардабил.
Иранската студентска новинска агенција ИСНА јави дека Ардабил изјавил дека Русија на тој начин постапува спротивно на Договорот за глобално намалување на нафтата.
Истакнувајќи дека Русија дејствува во корист на американскиот претседател Доналд Трамп, постапките на овие земји ги нарече непријателски.
- ЕУ против санкциите
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска изјави дека ЕУ поттикнува на зголемување на трговијата со Иран.
Могерини, во текот на посетата на Нов Зеланд, изјави дека (ЕУ или Нов Зеланд?) поттикнува зголемување на трговијата со Иран, кој остана верен на Нуклеарниот договор.
Денес (вторник), 7 август, започна примената на првиот пакет санкции кон Иран, кој САД го воведоа откако американскиот претседател Доналд Трамп во мај соопшти дека оваа земја се повлекува од Нуклеарниот договор.
Првиот пакет санкции се однесува на блокада на финансиските трансакции, трговијата со челик, јаглен, алуминиум, увозот на патнички авиони и нивните резервни делови. Вториот пакет санкции на сила ќе стапат на 4 ноември.
Во заедничко соопштение на членките на Европската Унија (ЕУ), Франција, Велика Британија и Германија, во врска со новиот пакет на американските санкции кон официјален Техеран, порачано е дека ЕУ решително ќе ги штити европските компании кои работат со Иран.
„Одлучни сме во заштита на европските компании кои работат со Иран, во согласност со законите на ЕУ и со одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации“, наведено е во соопштението.