Ali Cura
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека со ракети со висока прецизност погодиле фабрика во која се поправале тенкови и оклопни возила на Украинската армија во градот Харков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде информации за активностите на Руската армија во војната во Украина.
Тврдејќи дека Украинската армија претрпе значителна загуба на војници, оружје и опрема во Донбас, Конашенков рече дека повеќе од 300 украински националистички сили ги загубиле животите само во конфликтите во градот Сјатогорск.
Според Конашенков, исто така, уништени се 6 тенка, 15 оклопни возила, 36 минофрлачи, 4 ракетни фрлачи од типот „Град“ и 20 воени возила на Украинската армија.
Конашенков додаде дека фабрика за поправка на тенкови и оклопни возила на Украинските вооружени сили била погодена во регионот Харков со високопрецизни проектили.
Исто така, во Харков уништени се 2 командни центри, 13 области каде што се стационирани воени единици и технички возила и ракетниот фрлач „Ураган“.
Меѓу другото, портпаролот Конашенков истакна дека во близина на местото Малиновка во регионот Харков, и во местата Спорное и Званивка, во регионот Доњецк, уништени се 4 складишта за муниција и оружје.
Во регионот Харков, во близина на местото Чугуев уништен е резервоар за гориво на Украинската армија.
Конашенков истакна дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 2 борбени авиони „Миг-29“ на украинските воздухопловни сили во близина на местото Снегировка во регионот Миколаив и собориле воен хеликоптер „Ми-8“ во близина на местото Белаја Криница.
Наведувајќи дека собориле 11 украински беспилотни летала во различни региони во Доњецк, Харков и Херсон, Конашенков додаде дека ракетните и артилериските единици отвориле оган кон 68 командни центри, 172 позиции за артилериско гаѓање и 261 воена област на украинските сили.
Конашенков, исто така, рече дека како резултат на нападите неутрализирани се повеќе од 320 украински национални сили.
„Досега на Украинската армија уништени ѝ се 192 авиони, 130 хеликоптери, 1.150 беспилотни летала, 335 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 3.459 тенкови и оклопни возила, 489 ракетни фрлачи, 1.822 хаубици и оклопни возила и 3.488 воени возила“, рече портпаролот Конашенков.