Talha Yavuz
28 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
КИЕВ (АА) - Руските сили ја презедоа контролата врз сите административни згради во градот Бердјанск во Украина, изјави градоначалникот на тој град, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Олександр Свидло во видео порака на социјалните мрежи изјави дека виделе руски војници и тешка воена опрема како влегуваат во градот пред неколку часа и почнале да напредуваат низ градот.
„Тие нè информираа дека сите административни згради се под нивна контрола и дека ја преземаат контролата и врз зградата на извршниот комитет“, рече Свидло.
„Вечерва ќе биде многу, многу тешко“, додаде тој, повикувајќи ги сите жители да се кријат во засолништата.
Бердјанск е пристанишен град на југоисточниот брег на Украина со население од над 100.000 жители.