Dildar Baykan Atalay
27 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, нападот на Русија на Украина го опиша како „ужасен“ и изнесе тврдење дека во неговиот мандат никогаш не би дошло до таква катастрофа, известува Агенција Анадолија (АА).
Трамп се обрати на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC 2022) што се одржа во Флорида и во таа прилика зборуваше за актуелната ситуација во Уркаина.
Наведувајќи дека претседателот на Уркаина Владимир Зеленски покажал дека е „храбар лидер“ со тоа што не го напуштил Киев, Трамп истакна: „Нападот на Русија на Украина е ужасен. Се молиме за народот на Украина. Господ нека ги чува“.
Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин ја нападнал Украина користејќи ја „слабоста“ на актуелниот американски претседател Џо Бајден.
„Путин се игра со Бајден како тапанар. Како што сите размислуваат, доколку нашите избори во 2020 година не беа наместени, и доколку повторно бев претседател, оваа страшна катастрофа никогаш немаше да се случи“, рече Трамп.
Потсетувајќи дека Русија ја окупирала Грузија во текот на мандатот на Џорџ В. Буш, Крим во времето на Барак Обама, Трамп себеси се нарече за единствена личност во 21. век во чиј мандат Русија не окупирала друга земја.