Vügar Novruzoğlu
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
МОСКВА (AA) – Рускиот генерал, кој е актер на руските операции во Сирија, Александр Дворников изјави дека во Сирија се наоѓаат специјалните руски сили „Spetsnaz“,јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема да кријам дека во Сирија делуваат специјални единици на руската војска Тие сили се задолжени за откривање на мети за руските воздушни сили, наведување на руските воздушни сили, наведувње на руските авиони на далеки цели и учествуваат во други специјални операции", рече Дворников за рускиот весник "Росискаја Газета" .
Истакнувајќи дека руските специјалци во Сирија стасале по наредба на раководството, Дворников рече дека пружиле силна поддршка на сириската војска во тактичко-техничките прашања, како и во планирање на воените активности.
Не откривајќи во кој обем руската војска го задржала присуството во Сирија по неодамнешното повлекување на контигентот на воздушните сили, Дворникот рече дека во Сирија и понатаму се наоѓаат доволен број на руски сили за контрола на ситуацијата во таа земја.