İdris Sülün
10 Ноември 2022•Ажурирај: 11 Ноември 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Самитот на Г20 кој ќе се одржи наредната недела во градот Бали во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лухут Бинсар Панџаитан, едно од овластените лица на Самитот на Г20, во изјава за новинарите во индонезискиот град Денпасар истакна дека на овој Самит руската делегација ќе ја предводи шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
На дводневниот Самит кој ќе се одржи на 15 ноември во Бали ќе учествуваат светските лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
По почетокот на Руско-украинската војна во февруари, се претпоставуваше дека Бајден и Путин за првпат ќе се сретнат по повод одржување на Самитот на Г20, но откако е соопштено дека рускиот претседател нема да учествува на овој Самит, спречени се можни тензии меѓу Путин и Бајден и неговите сојузници.