Ercan Canbolat
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Американската агенција за имиграција и царина соопшти дека 600 имигранти се приведени во операциите спроведени во текот на последната недела во 11 американски сојузни држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Овластени лица на Американската агенција за имиграција и царини соопштија дека околу 160 лица се приведени во Лос Анџелес. Тие истакнаа дека 200 лица минатата недела биле приведени во сојузните држави Џорџија, Северната Каролина и во Јужна Каролина.
Исто така беше соопштено дека 200 мигранти биле приведени во државите Илиноис, Индијана, Канзас, Кентаки, Мисури, како и во Висконсин.
Овластените лица истакнаа дека операцијата во градот Њујорк била планирана пред една недела, и дека оваа операција е дел од операциите кои се планирани во национални рамки. Во рамките на оваа операција биле приведени 40 лица.
Нема информации дали оваа операција се применува само за илегалните мигранти кои се вмешани во кривични дела, или е резултат на новите политики на администрацијата на Трамп во врска со имигрантите и визните апликации.
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во својата изјава на социјалните мрежи истакна дека со овие операции го исполнува ветувањето од предизборната кампања. Но, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на САД, Џилијан Кристенсен истакна дека овие акции се во рамките на рутинските операции.
Во текот на администрацијата на Барак Обама, во 2012 година биле депортирани 409.849 илегални имигранти. Агенцијата за миграција и царини соопштила дека во 2015 година над 2.000 имигранти биле притворени во една недела низ целата земја.