Emel Öz
10 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
АНКАРА
Воз удри во авион што слета на шините во американската сојузна држава Калифорнија, САД, а пилотот е спасен непосредно пред да се случи судирот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на Противпожарната служба на Лос Анџелес, малиот авион од типот „Цесна“ морал да слета на блиските шини по полетувањето од аеродромот „Вајтмен“.
Екипата што пристигнала на местото на настанот го извадила пилотот од авионот непосредно пред возот да удри во него.
Пилотот е полесно повреден, додека патниците во возот не се повредени.
Започната е истрага за инцидентот.