Associated Press
02 Јуни 2024•Ажурирај: 03 Јуни 2024
ПЕН ХИЛС (АА) - Во престрелка во бар во предградието на градот Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, две лица се убиени, а седум се повредени, соопшти денес американската полиција, пренесува Анадолу.
Одделот за убиства во округот Алегени соопшти дека одговорила на повикот за помош на полициската управа во Пен Хилс по престрелката во раните утрински часови во еден бар во Пен Хилс.
Екипите за итни помош пронашле тела на маж и жена во барот утринава околу 3 часот наутро.
Пронајдени се уште седум повредени и пренесени се во болници. Една од жртвите е во критична состојба.
Првичните информации говорат дека во кафеаната дошло до расправија и дека неколку лица почнале да пукаат.
Во соопштението не се наведува дали осомничените се приведени.