Övünç Kutlu
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ЊУЈОРК (АА) - Залихите на сурова нафта на САД опаднаа, додека залихите на бензин се зголемија во неделата која заврши со 15 јуни, објави вчера Управата за енергетски информации (EIA), јавува Anadolu Agency (AA).
Залихите на комерцијалната сурова нафта паднаа за 5,9 милиони барели или 1,4 отсто, на 426,5 милиони барели. Падот ги надмина сите очекувања на пазарот со пад од 2,1 милион барели.
Стратешката резервна нафта, која не е опфатена со комерцијалните резерви, падна за 0,26 милиони барели на 660 милиони барели во неделата која заврши со 15 јуни.
Од друга страна, резервите на бензин се зголемија за 3,3 милиони барела или 1,4 отсто, на 240 милиони барели. Пазарните очекувања се зголемија за 200,000 барели за залихите на бензин.
Со зголемувањето на залихите на бензин повеќе од очекуваното, веднаш по објавувањето на извештајот на Управата за енергетски информации, на глобалниот пазар паднаа цените на суровата нафта.
Цената на нафтата од типот „Брент“, во средата падна на 74,89 долари по барел, додека цената на американскиот „West Texas Intermediate“ (WTI) се намали на 65,39 долари за барел.