Ömer Koparan,Adham Kako
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
ХАСЕКА/АНКАРА (АА)
- Омер КОПАРАН/Адхам КАКО
Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да испраќаат засилување во базите и точките кои во Сирија се окупирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори во Хасека, американската војска во последната седмица, од граничниот премин „Ел Ведил“ со Ирак, во Сирија влегла со 3 конвои со вкупно 250 шлепери.
Само во вчерашниот американски конвој низ тој граничен премин поминале 130 шлепери.
Се дознава дека шлеперите, покрај транспортот на возила 4x4, тешко вооружување и муниција, носат и градежен материјал.
По операцијата „Извор на мирот“, САД се фокусирани на нафтените полиња кои се под контрола на ЈПГ/ПКК, извршувајќи транспорт на пратки со конвои од стотици шлепери.
- Присуството на американските војници
Американските сили во Сирија се присутни во вкупно 11 воени бази и точки, подрачја кои се под окупација на ЈПГ/ПКК во областите на Хасека, Рака и Деир ез-Зор.
Американските команданти на 15 октомври се собраа во Деир ез-Зор, и на племенските поглавари им дадоа збор дека нема да се повлечат од подрачјето.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 23 октомври изјави дека воспоставиле безбедност на нафтените полиња во источниот дел на Сирија, додавајќи дека одреден број американски војници ќе останат таму.