Sinan Uslu
22 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, преку писмо го извести својот турски колега Фикри Ишик за воената опрема што САД како помош ѝ ја испраќаат на групата ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис во писмото наведе дека американското Министерство за одбрана има уредна евиденција и снимки од опремата што им е доставена на милитантите на ЈПГ во Сирија и дека целата опрема ќе ја земе од милитантите по завршувањето на борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија.
Поврзаноста со групата ЈПГ предизвикаа несогласувања во односите меѓу САД и Турција. САД сакаат милитантите на таа група да бидат вклучени во борбата против ДЕАШ, а пак Турција предупредува дека станува збор за сириски огранок на терористичката организација ПКК и дека сето оружје и воена опрема во рацете на тие терористи претставува закана за Турција.
Официјална Анкара се залага борбата против ДЕАШ да се води во соработка со умерената сириска опозиција, и дека е невозможно во борбата против една терористичка група за партнер да се има друга терористичка група.
Американскиот министер Матис во писмо испратено до турскиот колега Ишик изјави дека САД спроведуваат низа мерки во врска со предупредувањата од Анкара и дека во тој контекст ќе водат редовна месечна евиденција за опремата и оружјето во рацете на ЈПГ и таа евиденција ќе ја доставуваат до властите на Турција.