Hasan Tosun,Admir Fazlagikj
17 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ВИЕНА (AA) – На состанокот со челниците на Минск групата на ОБСЕ за решавање на прашањата за Нагорно-Карабах вчера претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алијев и Серж Сакисјан, потврди дека ќе се придржуваат до договореното примирн и трајно решение ќе бараат по мирен, а не по воен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение на Минска групата се наведува дека на вчерашниот состанок присуствуваа претставниците на коппреседавачките членки на Групата, американскиот државен секретар Џон Кери, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и францускиот министер за европски работи Харлем Десир, како и претседателите на Азербејџан и Ерменија.
Учесниците на состанокот претходно ги повторија ставовите дека конфликтот во Нагорно-Карабах не може да се реши со воен, туку исклучиво преку мирен пат, покажаа согласност и за неопходноста за почитување на примирјето на договореното од 1994 и 1995 година.
„Претседателите на двете земји постигнаа договор за неопходноста за што поскоро завршување на надзорниот механизам на ОБСЕ со цел намалување на ризикот од ескалација од судири. Претседателите договорија и проширување на Претставничкиот кабинет на челништвото ОБСЕ. Договорено е и продолжување на размената на податоците под покровителство на Меѓународниот црвен крст во врска потрагата за исчезнатите лица", се наведува во соопштението на Минск групата.
Алијев и Саркисјан исто така постигнаа договор во јуни да одржат нов состанок за да можат да ги започнат преговорите за пронаоѓање на трајно решение на спорот.
Нагорно-Карабах е регион во Азербејџан кој од 6 јануари 1992 година еднострано прогласи независност. Поголемиот дел од населението го сочинуваат Ерменците кои сметаат дека регионот треба да биде дел од Ерменија. Регионот е под контрола на арменската војска и сепаратистите од ерменско-азербејџанската војна, која е завршена 1994 година.
Судирите во Нагорно-Карабах обновени се мна 2 април оваа година, а спротиставените сили меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето. Примирјетно е воспоставено на 5 април, но тензиите на линијата на разграничување и понатаму се зголемени.
Обединетите нации го третираат Нагорно-Карабах како азербејџанска територија, исто како и Советот на Европа. ОБСЕ уште од 1994 година со цел мирно решавање на азербејџанско-ерменскиот спор во Нагорно Карабах ја основаше Минск групата на чије чело се три земји САД, Франција и Русија.